Утринава почувствувани серија земјотреси – епицентрите 50 километри југозападно од Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава, на 27.01.2021 година, регистрира серија од земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 50 km југозападно од Скопје и потекнуваат од епицентралното подрачје Гостивар – Тетово.

Од оваа серија почувствувани беа пет земјотреси и тоа:

  • во 01h 36min со локална Рихтерова магнитуда 3.5 и интензитет од IV степени според Европската Макросеизмичка скала
  • во 02h 29min со локална Рихтерова магнитуда 3.2 и интензитет од III-IV степени според Европската Макросеизмичка скала
  • во 02h 48min со локална Рихтерова магнитуда 3.1 и интензитет од III-IV степени според Европската Макросеизмичка скала
  • во 03h 39min со локална Рихтерова магнитуда 2.6 и интензитет од III степени според Европската Макросеизмичка скала
  • во 07h 44min со локална Рихтерова магнитуда 3.7 и интензитет IV степени според Европската Макросеизмичка скала.