Минусни температури на неколку места имаше утрово во Македонија. Во Берово беа измерени -6 степени, додека во Битола беше -3 степени. Минус два степени беше во Скопје, Крива Паланка, Демир Капија и Струмица.
На Попова Шапка и натаму има снег. Снежната покривка е 77 сантиметри.
Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.
