Утрово најстудено во Берово и Попова Шапка, измерени -4 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрово најстудено во Берово и Попова Шапка, каде се измерени -4 степени.

Следуваат -2 во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Претор, Kрушево, -1 Битола, Штип, Велес, Mаврови Анови, Лазарополе, 0 Охрид, Кавадарци, Демир Капија, Струмица, 1 Виница, 2 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, 4 Гевгелија, 5 Тетово.

Претпладне сончево со мала локална облачност. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Во југоисточните делови ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец (наместа над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.