Утрово најстудено во Берово, Лазарополе, Попова Шапка, измерени -2 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрово најстудено во Берово, Лазарополе, Попова Шапка, каде се измерени -2 степени.

Минусни температури односно -1 степен е забележан и во Mаврови Анови, 0 степени има во Крива Паланка, Битола, 1  Претор, Тетово, Струмица, Охрид, Штип, 2 Куманово, Kрушево, Велес, Демир Капија, Прилеп, 3 Кавадарци,  Гевгелија, 4 Виница, 5 Скопје-Зајчев Рид.

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 24 степени.