Утрово најстудено е во Берово каде се измерени -6 степени.
Следуваат и -5 степени во Скопје-Петровец, Струмица, Демир Капија, -4 во Битола, Велес, Штип, Кавардарци, Попова Шапка, -3 во Прилеп, -2 во Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, -1 во Kрушево Претор, Куманово, 0 во Крива Паланка, Виница.
Снежната покривка изнесува 25 см на Попова Шапка, 10 во Маврови Анови и Крушево.
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала облачност. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.
