Утрово најстудено во Скопје-Петровец, измерени -7 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрово најстудено е во Скопје – Петровец каде се измерени -7 степени.

Веднаш потоа следуваат и -6 степени во Тетово, Велес, Штип, Демир Капија, Струмица, Берово, -5 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Битола, Кавадарци, -4 во Прилеп, Попова Шапка, -3 во Гевгелија, -2 во Крива Паланка, Виница, Mаврови Анови, -1 во Охрид, Претор, Kрушево.

Најмногу снег има на Попова Шапка каде се измерени 24 см, додека пак 14 см има на Маврови Анови, 13 во Крушево, 1 во Тетово, Ѓуриште.

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

Во Скопје, сончево и тивко со мала облачност. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.