Утрово нов земјотрес меѓу Грција и Турција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрово во 04:39 часот по локално време, умерен земјотрес ги разбуди жителите на неколку грчки острови на југоистокот, како и на турското крајбрежје.

Земјотресот бил во близина на островот Кос, и на турското крајбрежје. Во овој период ова е само еден од низата земјотреси во истото подрачје.

Земјотресот бил со јачина од 4,8 степени, на длабочина од 17 километри.