УУСУ со меморандум за политичките партии – Жбогар: Учениците сакаат учебници и подобри услови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Наставниот кадар да се обучува и да се состави посебна програма за онлајн настава – ова се два од петте барања кои се предвидуваат со Меморандум кој ќе го потпишат две политички партии со Унијата на средношколци.

Од Унијата велат дека со овој меморандум имаат за цел да добијат ветување од политичките партии дека ќе работат за зголемување на квалитетот на образованието.

„Бараме ветување од политичките партии дека ќе ги носат потребните промени во образованието, како еден од најважните сектори во нашето општество“, истакна Леутрим Биљали.

За овие проблеми кои се спомнати во Меморандумот е известен и амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар. Тој одлучил да го поддржи овој меморандум.

„Многу од проблемите за кои зборуваа со мене се во врска со образованието. Тие сакаат подобри услови за учење, подобро образование и подобри учебници за учење. Исто така рекоа дека не сакаат да бидат дискриминирани во текот на онлајн наставата“, посочи Самуел Жбогар.

Наовој настан беа присутни претставници на коалицијата Можеме и од ДПА. Од Унијата велат дека испратиле покана до сите, а Жбогар оцени дека другите партии треба да се придружат на оваа активност во текот на реализацијата.

„Ги поканивме сите политички партии кои учествуваат во овие избори и нивното отсуство покажува колку се тие заинтересирани за квалитетно образование“, додаде Леутрим Биљали.

„Јас се надевам дека и претставниците на другите полатички партии ќе ни се приклучат во оваа иницијатива подоцна и се надевам дека сите овие партии ќе го постават образованието на највисоко ниво во владината програма“, порача Самуел Жбогар.

Во меморандумот се бара и :

  • Корекција на наставните текстови и набавка на учениците со учебници
  • Да се редуцира административната работа за вработените во училиштата
  • Да се подобрат хигиенските услови во училиштата.