Телата на три деца и еден маж се пронајдени во стан во германскиот град Мајсен во сојузната покраина Саксонија. Германските медиуми јавуваат дека полицијата се сомнева во убиство.
Деца на една, две и три години биле пронајдени мртви во станот, заедно со телото на 37-годишен маж, пренесува списанието Феникс.
Во неделата вечерта, итните служби интервенирале во станбена зграда во Мајсен, каде биле откриени телата на три деца и еден маж. Доктор можел само да ја констатира нивната смрт. Државното обвинителство и полициската управа во Дрезден моментално го истражуваат случајот под сомнение за убиство.
Местото на злосторството во Мајсен е обезбедено за истрага.
„Полицијата ја блокираше областа и почна да собира докази. Беа направени и првите разговори со жителите на зградата“, изјави портпаролот на полицијата за медиумите во понеделникот наутро.
Полицијата и државното правобранителство засега не даваат дополнителни информации.
