ВИДЕО УЖАС ВО ХРВАТСКА: Воен ветеран упадна во старски дом – убиени шест лица, меѓу кои и неговата мајка!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Хрватски воен ветеран уби шест лица во Дом за стари лица.

Меѓу убиените е и неговата мајка.

Како што пишуваат тамошните медиуми, убиецот роден 1973 година, со пиштол упаднал во домот, си ја убил сопствената мајка, а потоа и жителите на домот и вработените.

Застрелани се вкупно осум лица – пет загинале на лице место, едно лице почина во болница, а две лица се надвор од животна опасност.

Според неофицијални информации од тамошните медиуми, сите убиени се жени.

По убиството тој избегал, но полиција набрзо го фатила во близина на кафулето „Даруварац“.

Главниот полициски директор Никола Милина најпрвин изрази сочувство до семејствата на загинатите. Тој додаде дека полициската станица Дарувар веднаш ги испратила сите расположливи сили на местото на настанот.

„Колегите по пријавата успеаја брзо да го пронајдат сторителот. За жал, од болницата во Вировитица добивме потврда дека уште едно лице починало. Се преземаат сите очигледни дејствија. Најважно е што полицијата многу брзо го пронајде и уапси сторителот“ – изјави Милина.

„Полицијата го пронашла сторителот во ресторан. Со себе имал огнено оружје.

„Немавме претходна информација дека лицето се движело со оружје. Сторителот немал регистрирано огнено оружје“, вели Милина.

Тој откри дека со себе имал кратко огнено оружје.

Милина потврди дека полицијата досега три пати се справувала со убиецот од Дарувар. Двапати за нарушување на јавниот ред и мир и еднаш за семејно насилство. Последен пат полицијата дејствувала пред еден месец.