Ужас во Скадар – две возила во движење пукале меѓу себе, убиени три лица!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Тежок вооружен инцидент се случил доцна попладнево во северниот албански град Скадар, во кој се убиени најмалку три лица, додека две се тешко повредени и се во животна опасност.

-Идентитетот на сите жртви и околностите и мотивите за настанот не се познати, иако се поврзува со пресметка меѓу криминални групи. Се дознава дека две возила во движење пукале меѓу себе, при што во возило со хрватски регистарски таблички било пукано повеќе пати, а потоа удрило во бетонска ограда, објави АБЦ њуз.

Според истиот извор меѓу повредените е Арлинд Бушати (32), син на поранешниот кандидат за градоначалник од редовите на Демократската партија, Џемал Бушати.

На терен се големи полициски сили, како и возила на брза помош.