Ужас во Србија: Тинејџерка на час по хемија испила киселина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тинејџерка (16) утрово се обидела да се самоубие пиејќи азотна киселина во просториите на училиште во српскиот град Обреновац.

Инцидентот се случил околу 08:30 часот на час по хемија пред очите на другите ученици и наставничката.

– Веднаш реагирала наставничката и повикала брза помош. Тинејџерката со возило на Брза помош била пренесена во болница каде и помагаат лекарите – пренесува „Блиц“.

Истрагата за овој инцидент е во тек.