На 9 февруари во Косово ќе се одржат парламентарни избори за нов состав на парламентот, со 1.280 кандидати од 28 политички субјекти. Ова ќе бидат први редовни избори откако Косово прогласи независност во 2008 година.
По изборите, претседателот ќе предложи премиер, кој ќе мора да добие мнозинство во парламентот за да формира влада.
Четвротица кандидати се натпреваруваат за премиерска позиција:
- Албин Курти – Лидер на движењето Самоопределување, актуелен премиер и кандидат за трет мандат.
- Бедри Хамза – Кандидат на Демократската партија на Косово, поранешен министер за финансии и градоначалник на Јужна Митровица.
- Лумир Абдиџику – Лидер на Демократската лига на Косово, економист и поранешен министер за инфраструктура.
- Рамуш Харадинај – Лидер на Алијансата за иднината на Косово, поранешен премиер и воен командант.
Изборите ќе го дефинираат идниот премиер на Косово и составот на новата влада.
