Тимот на научници од Оксфорд, кој работат за „АстраЗенека“, велат дека прелиминарните резултати од клиничното испитување покажуваат дека вакцината против коронавирус е безбедна, и е во состојба да го спреми имунитетниот систем за борбата против ковид-19.
Прелиминарното клиничко истражување, направено врз 1.077 лица во Британија, Јужна Африка и Бразил утврдило дека испитаните лица, на кои им е дадена вакцина, развиле антитела и бели крвни зрнца, неопходни за борба со коронавирусот.
Оваа објава е крајно ветувачка, но клиничкото испитување на истата компанија, во кое учествуваат 10.000 луѓе, продолжува.
Научниците велат дека се уште не е време да се прогласи 100% успех, додека пак Британската Влада веќе нарачала 100 милиони дози од оваа вакцина.
Во светот моментано во тек е производство на две милијарди дози.
