Вакцинирани v.s невакцинирани – помеѓу најновата поделба на граѓаните треба да стои науката

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вакцинирани-невакцинирани, е најновата поделба на граѓаните кои често знаат да се конфронтираат и на социјалните мрежи, бидејќи оние што се вакцинирани се чувствуваат загрозени од оние што не се, а оние пак што не се велат дека нема потреба да се плашат вакцинираните, бидејќи ги штити вакцината.

„Да, да, со двете  уште во мај месец, затоа што е неопходна потреба. Затоа што како другачие ќе се заштитиме од вирусот ако не со вакцина. Секој нема знае единствена заштита. Лекови нема се уште се експериментира. И нека заболам ама можам да заболам како настинка“.

„Не затоа што сум прележан и имам антитела. Статистиката покажува дека прележаните имаат поголем имуниетте и антитела од вакцинираните. Ако сме во постојан контакт со вирусот нашите антитела ќе се одржуваат, не треба да се ставаме во „стаклено ѕвоно“ , туку треба да си го продолжиме животот понатаму“.

„Секоја вакцина има контраиндикации и претставува одреден ризик“.

„Ако ја предложат третата прв ќе бидам и тертата да ја примам. Две дози примив од Синовак, макар да имав антитела, во јануари имав прележано Ковид. Макар психички да бида сигурно се чувствувам“.

„Не сум вакциниран се уште. Не сум во дилема туку ја немаше таа вакцина што ја сакав. Сакав со руската со Спутник. Начинов на којшто се призведени е различен на пример, Фајзер, Модерна од руската и кинеската“.

„И да заболам ќе биде тоа во поблага форма, а воедно ми се пристапни и сите дестинации, дали се тоа молови, ресторани, надвор од границите сепак имам олеснителни околности. На крајот на краиштата и немаме друг избор“.

„Не сум сигурен се мислам. Не чувствувам лична потреба искрено“.

Властите пред се здравствените во луѓето да бараат сојузници како да се надмине целата ситуација. Тоа е возможно само ако науката се стави во средина и се објасни дека се што се прави има научна и единствено научна основа -објаснува комуниколот Бојан Кордалов. Голема грешка според него се санкциите и зборот МОРА, бидејќи така се постигнува спротивен ефект. Треба да се наградуваат граѓаните за да се мотивираат да се вакцинираат.

„Поделбите никогаш не водат кон ништо добро, особено не во време на пандемија. Непријателот или целта ни се заеднички. Вакцинирани или не прележани или не, никој не сака ниту да се заболи, ниту да умре“, истакна Бојан Кордалов.

Кордалов вели дека единствен лек за болест можат да дадат лекарите. Ниту политичарите, ниту инженерите, ниту комуниколозите, ниту било кој друг, а најмалку политичарите.

„Пораката што треба да се пренесе е „се плашам дека нема да можам да ти го спасам животот, се грижам за тебе, а пораката нема да одиш во кафуле, нема да одиш во ресторан може само подлабоко да не закопа во рововите“, додава Бојан Кордалов.

Рестриктивните мерки, ограничувањата на луѓето можат вели тој да доведат до тоа граѓаните да не веруваат во науката, а нема пострашно од тоа, особено во време на лажни вести. Затоа апелира да се вратиме на патот на науката.