ВАР за прв пат покажа нова функција на ЕП, поради него голот на Белгија беше поништен

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Словачка изненадувачки ја победи Белгија со 1:0 во првото коло од групата Е на Европското првенство.

Стрелец на единствениот гол беше Иван Шранц на отворањето на натпреварот. Беше тоа луд натпревар, во кој на Белгија, поточно на Ромелу Лукаку, и беа поништени дури два гола по прегледот на ВАР.

Во вториот поништен гол на крајот од натпреварот, белгискиот напаѓач Лоис Опенда играше со рака, а неговиот допир беше проверен со помош на новата ВАР функција. Топката Адидас има детектор на допир во неа и е далечинско поврзана со уред кој го следи секој допир.

Податоците се печатат како линија, слично на ЕКГ, и се испечатени на екранот. Во моментот на контакт помеѓу раката на Опенда и топката, линијата престанува да биде права. Оваа технологија е воведена токму за полесно да се проценат малите допири кои тешко се забележуваат со голо око.