Вардар 1961 се засили со српскиот ракометар Срдановиќ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Македонскиот ракометен прволигаш Вардар 1961 соопшти денеска дека ги засили своите редови за новата сезона со српскиот ракометар Марко Срдановиќ, кој потпиша договор на две години, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.

Дваесетипетгодишното лево крило доаѓа во редовите на поранешниот двократен европски првак од Металопластика со која изминатата сезона го освои Купот на Србија.

Срдановиќ, како што соопшти клубот, веќе им се приклучи на новите клупски колеги на подготовките за новата сезона.

Српскиот ракометар е дел од неколкумината нови играчи што ќе го носат „црвено – црниот“ дрес во сезоната 2023/24.