Вардар вторпат сезонава го совлада Еурофарм Пелистер, овој пат во финалето на Купот за 14-ти трофеј во најмасовното ракометно натпреварување во Македонија. На крајот беше 26:24, а Вардар имаа водство во текот на целиот натпревар.
Понекогаш раликата беше пет-шест голови разлика. Меѓутоа во последните десет минути беше драматично, па дури и еден разлика на две минути до крајот. Сепак, Дибиров погоди од тешка позиција за конечен триумф на „црвено-црните“ на крајот.
Покрај Купот, се чини, овие два тима ќе водат и главна битка за трофејот во првенството, а Вардар со ова може да ја освои двојната круна.
ФОТО: РК Вардар