Фудбалскиот клуб Вардар втора сезона по ред нема да игра на меѓународна сцена поради тоа што ФФМ не му издаде лиценца за настап во Европа. До прекинот на сезоната Вардар беше прв и требаше да игра во ЛШ, но поради неисполнување на условите, „црвено-црните“ и оваа сезона останаа со празни раце.
„Одделот за лиценцирање при Фудбалската федерација на Македонија информира дека Комисијата за лиценцирање на состаноците одржани на 3. јуни, 11. јуни и 16. јуни, како и Комисијата за жалби за лиценцирање на состанокот одржан на 18. јуни, а по комплетирањето на процесот на лиценцирање на клубови за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2020/21, ги донесе следниве одлуки:
Комисиите донесоа одлука дека се издава лиценца за учество во УЕФА клупски натпреварувања во сезона 2020/21 на клубовите:
1. ФК Академија Пандев АД – Струмица
2. ФК Македонија ЃП 1932 АД – Скопје
3. ФК Работнички АД – Скопје
4. ФК Ренова АД – с.Џепчиште
5. ФК Силекс АД – Кратово
6. ФК Шкендија АД – Тетово
7. ФК Шкупи 1927 АД – Скопје
Комисиите донесоа одлука дека не се издава лиценца за учество во УЕФА клупски натпреварувања во сезона 2020/21 на клубовите:
1. ФК Брегалница 2008 АД – Штип
2. ФК Борец 1919 АД – Велес
3. ФК Вардар АД – Скопје
4. ФК Струга ТримЛум АД – Струга“, соопштија од ФФМ.
