Словенија идната година ќе претседава со Европската Унија. Гостувањето на главниот уредник на РТСловенија Вања Вардијан вечерва во „Клик Плус“, го искористивме да го прашаме дали може да очекуваме помош од словенечкото претседателство со ЕУ во обидот да се најде решение во спорот со Бугарија, и да се почнат преговорите.
„Балкан не е главна тема во Слвоенија, и фокусот на Јанша не е толку кон Балканот. Следната година се избори. И претседателството со ЕУ ќе го искористи Јанша на некој начин за себепромоција. Имено, Словенија следната година очекува да добие 10 милијарди евра ковид помош, и тие пари нема да знае како да ги потроши со условување за владеење на правото. Така да на прашањето дали ќе биде Македонија во фокусот? Мислам дека не“, рече Вардијан.
