Вархеји му се заблагодари на Борисов за историската одлука што ја донел за Европа и Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји му се заблагодари на лидерот на опозициската партија во Бугарија, Бојко Борисов за историската одлука која ја донел.

„Му благодариме на лидерот на опозициската ГЕРБ, Бојко Борисов, за историската одлука што ја донесе за Европа и Македонија – усвојувањето на преговорите врз основа на францускиот предлог, кој овозможува продолжување и отворање на преговорите со Македонија. Очекуваме владата да го направи она што е неопходно да помине низ парламентот денеска за да може Европа да оди напред“, напиша Вархеји.