Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, денеска за „Еуроњуз“ кажа дека е опција да се раздвојат Албанија и Македонија од преговорите за ЕУ, ако Македонија и Бугарија не најдат заедничко решение за проблемот.
„Ако и натаму наидеме на потешкотии со Северна Македонија, тоа би значело неуспешни преговори со Бугарија, тогаш би можеле да продолжиме само со Албанија. И треба да го разгледаме тоа прашање“, рече Вархеји.
