Бугарија застанува зад европскиот пат на Северна Македонија. Ова го кажа бугарскиот новинар Боико Василев во „клик Плус“ на ТВ21.
Василев напомена дека има недоразбирање меѓу двете земји, кое треба да биде надминато и потоа да почнат преговорите со Северна Македонија.
„Бугарија категорично застанува зад европскиот пат на Република Северна Македонија. Но тука има меѓусебно недоразбирање, има некои нешта кои што Скопје не ги разбира и има некои нешта кои што Софија не ги разбира. Да започнеме со тоа што Скопје не го разбира.
Обично во Република Северна Македонија не разбираат дека во Бугарија, во денешна Бугарија има околу 2 милиони души, огромна група на луѓе, кои се сметаат себе си истовремно и за Македонци и за Бугари. Тие се потомци на луѓе кои мигрирале од денешната територија на Република Северна Македонија и на Егејска Македонија, во денешна Бугарија, и тогаш и сега нивните потомци се сметале себе си за Бугари. Овие луѓе се грижат не за идентитетот на денешната Република Северна Македонија, тие го штитат својот идентитет, тие сметаат дека на нивниот идентитет не може да биде посегнато и не треба да биде посегнато.“, вели Василев.
