Василев: Можно ли е во Република Северна Македонија, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ во моментов да се договорат за добри односи со Бугарија?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Новинарот Боико Василев вечерва зборуваше во „Клик Плус“ на ТВ21. Главна тема беа односите меѓу Бугарија и Северна Македонија.

Василев праша дали е можно двете најголеми партии во земјава да се договорат за добри односи со Бугарија? Алудирајќи на тоа дека Бугарија пред да влезе во ЕУ ги затворила сите отворени прашања и дека патот бил тежок.

„Бугарската национална телевизија емитуваше македонски филм за петте струмички студенти, кој во целост е толкување на сегашната историја во Северна Македонија, и тој беше емитуван на првиот канал на нашата телевизија.

Јас прашувам дали е подготвена Македонската телевизија да емитува бугарска продукција со толкувањето кое ние го имаме во неа, размисли за тоа, дали е можно. Ти давам уште еден пример, во Бугарија работат одлични професионалци од Северна Македонија лекари, режисери, актери, еден од нив дури ми направи многу успешна интервенција неодамна, тоа се луѓе кои на било каков начин не се засегнати, не се малтретирани, не е им е созададен никаков проблем да се развиваат во Република Бугарија, да ги градиме овие позитивни примери, но затоа да кажам уште еднаш, ние имавме многу тешко искуство на патот кон Европската Унија и тоа не беше само консензус, за да се постигне тој консензус требаше да се договориме, прво требаше да ги поправиме односите со сите соседи Турција, Македонија, Србија, итн. и ние го направивме покрај тоа што многу од работите не беа многу пријатни за нас, но ние го направивме тој напор, ги поправиме односите речиси со сите, каде што беше потребно направивме компромис, направивме и други компромиси, но најважното е дека власта и опозицијата се договорија дека патот е Европската Унија и НАТО. Можно ли е во Република Северна Македонија, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ во моментов да се договорат за добри односи со Бугарија, прашувам?“.