Василев: Позицијата на Радев и иста како и одлуката на бугарскиот парламент во 2019 година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Именувањето на техничка влада во Бугарија, е она што ја засега Северна Македонија за почеток на преговорите со ЕУ.

Токму на оваа тема дебатираме и во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21. Бугарскиот новинар Боико Василев околу тоа дали претседателот Радев може да го смени ставот, односно дали тој што ќе ја именува техничката влада, може да донесат поместување од ставовите на Бугарија, одговори дека ставот на бугарскиот претседател е исти како и одлуката на парламентот во 2019 година.

Според бугарскиот устав, претседателот Радев е оној кој што ја именува привремената влада, така што луѓето кои разговараат со Бугарија сметаат дека во моментот силниот човек во Бугарија е претседателот Радев и затоа ѕвонат на него, се јавуваат на него, се обидуваат да стапат во контакт со него, но само да кажам јас сум го интервјуирал исто така претседателот Радев во текот на есента минатата година, неговата позиција и тогаш и сега е многу слична со позицијата која бугарскиот парламент ја усвои во 2019 година.

Така што не можеме да кажеме дека таа е поразлична од досегашната или има во неа некакви нијанси, напротив, таа е категорична тој ја соопшти, и пред претставниците на поругалското претседателство и пред европскиот комесар за проширување во Софија. Тој кажа дека треба да бидат земени во предвид, цитирам точно мислам „бугарскиот национален интерес и бугарската гледна точка за ова прашање”-рече Василев.