Екс репрезентативецот Александар Васоски, беше гостин во „10 МУНУТИ“ на ТВ21. Покрај натпреварот, ја коментираше и атмосферата на стадионот. Вели дека дома со неговата фамилија кога го гледал мечот, имал многу емоции, а само може да замисли што се случувало на теренот во Букурешт.
„Сум играл големи натпревари и со клубовите и со репрезентацијата. Јас со мојата фамилија пред телевизијата вчера кога гледав имав трема, а можам да замислам како им беше на репрезентативците. Навистина атмосферата беше прекрасна, и штета што резултатот беше таков“, вели Васоски.
