Здравствената состојба на папата Франциско, кој е хоспитализиран со пневмонија и понатаму е критична, но ноќта помина добро, соопшти утрово Ватикан. Ноќта помина добро, папата се одмара“, се вели во кусото соопштение.
Денеска се одбележува 11-тиот ден од престојот на римокатоличкиот поглавар во болница.
Папата Франциско (88) беше примен во болницата Гемели во Рим на 14 февруари, каде лекарите констатираа воспаление на двете бели дробови.
