Ваучери од 15.000 денари за развој на туризмот – предност ќе имаат граѓаните од понеразвиените општини

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нов механизам  за распределба на ваучерите за поддршка на туризмот. За првпат како критериум е развојот на регионите во делот на јавните повици, не само во делот на туризмот- објаснува  Министерот за економија во 10 Минути на ТВ21.

Граѓаните од понеразвиените општини ќе имаат предност во добивањето на финансиска поддршка.

„Предвидено е со програмата на Министерството за економија која ќе почне да се реализира негде кон април, мај најдоцна, преку ваучер системот за помагање на граѓаните со ниски приходи, но истовремено и на граѓани кои добиваат социјална помош. Ваучерот ќе биде 15 000 денари“, истакна Крешник Бектеши.

Туристичките работници се задоволни од мерките. Ја поздравуваат одлуката што ќе продолжат за да можат барем да опстојат.

„Таа помош од минимална плата, потоа имаше грантови кои беа добредојдени, уште еднаш се исплаќаа плати за време на есенските месеци тие секако беа добредојдени и ни помогнаа на многу агенции“, порача Андреј Сирачевски.

„Овој период беше тежок за туризмот па поддршката што ја добивме од Владата и Министерството за економија беше од голема помош“, вели Елизабета Кочева Јосифовска.

„Одлични се мерките, а да немаше? Ако гледаме во друготе држави секаде е коплетен локдаун, овде се функционира“, додава Аркан Керим.

Министерот Бектеши во петтиот сет мерки најави поддршка и за хотелите кои се надвор од туристичките места.