Вчера семејството го пријавило како исчезнато – 16-годишно момче пронајдено во река без знаци на живот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во утринските часови 16-годишник бил пронајден без знаци на живот во коритото на реката Пена во Тетово.

Во текот на вчерашниот ден, семејството го пријавило како исчезнато.

Командирот на противпожарната единица рече дека теренот е тежок и затоа е неопходно да се интервенира со повеќе пожарникари.

„Синоќа околу 01:45 излеговме заедно со членовите на семејството да ја бараме жртвата која претходно беше изгубена и баравме на повеќе локации. Автомобилот го најдовме во тетовската бања, а потоа баравме во реката Пена. Тетовската полиција утринава заедно со пожарникарите го пронашла телото. Делот каде што беше телото беше тешко пристапен, па требаше да се интервенира со повеќе пожарникари и така го направивме извлекувањето на телото. Пронајден е 100 метри подолу од автомобилот“, вели Авни Ахмети.

Полицијата даде дополнителни детали за безживотното тело на 16-годишникот. Велат дека се работи за момче од Ново Село, општина Желино.

„Денеска (22.12.2022) во 07:10 часот во водите на реката Пена, на патот кон местото наречено „Бањиче“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го пронашле безживотното тело на малолетникот од Ново Село општина Желино, за кого неговиот татко Ј.Х.(46) пријавил дека на 21.12.2022 година околу 16:00 часот од куќата излегол со автомобил „Ауди“ со тетовски регистарски таблички. Претходно, околу 02:20 часот, автомобилот бил пронајден во близина на хотел на местото наречено „Бањиче“. Смртта е констатирана од страна на лекар од екипата на Итна помош и по наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција“, велат од СВР Тетово.

Јавното обвинителство издаде наредба за обдукција на телото на починатиот, како и прибирање на сите траги и докази за утврдување на причините за смртта.