Вчера во „ClickPlus“ на ТВ21 министерот Османи ексклузивно откри што содржи португалскиот предлог

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вчера во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостуваше министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој ексклузивно откри што содржи португалскиот предлог кој пред неколку дена го донесоа португалскиот шеф на дипломатијата Аугусто Сантош Силва и еврокомесарот Оливер Вархеји.

„Португалскиот предлог предвидува гаранции дека Договорот за добрососедство ќе се имплементира“, рече Османи.

Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев вчера, по новинарско прашање, истакна дека Португалското претседателство со Европската Унија и министерот за надворешни работи Аугусто Сантош Силва во понудениот предлог за решавање на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија воделе грижа да бидат вклучени очекувањата на двете страни.

Инаку, предлозите на португалското претседателство се уште еден обид да се надмине блокадата на Бугарија за прифаќање на преговарачката рамка и почеток на преговорите на Македонија со Европската унија на Советот на Унијата на 22 јуни.