Пукање во Тетово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва во Тетово се случило пукање. За среќа нема жртви, а полицијата е на терен и врши увид, со што повеќе детали се очекуваат во текот на утрешниот ден.

ТВ21 од неофицијални извори дознава дека овој инцидент е поврзан со настанот и пукањето пред тетовската болница од 11. јануари оваа година.

Според првичните информации пукано е со „калашников“ кон едно лице, но не е погодено. На лице место биле најдени најмалку пет куршуми.

Пукањето се случило на улицата Илинденска, која е затворена од полицијата, и се проверува секое возило во близина.