Вечерва се очекува намалување од 5 денари на дизелот, најави Бектеши во интервју за ТВ21

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 најави намалување од 5 денари на цената на дизелот.

„Вечерва очекуваме дополнително намалување, имајќи ги во предвид котациите на последните пет дена и најверојатно намалувањето , согласно анализите кои се прават во секторот за енергетика во Министерството за економија, би требало да биде за дизелот над 5 денари“, посочи Бектеши.

Тој вели дека последната одлука ја носи Регулаторната комисија за енергетика.

„Ние очекуваме согласно нашите пресметки да биде над 5 денари намалувањето во делот на дизелот, но секако тоа ќе биде одлука на РКЕ која е независна институција“, порача Бектеши.

Инаку, според вчерашната одлука на РКЕ, дизелот моментално се продава по цена од 85 денари за литар.

Целото интервју со министерот Бектеши ќе може да го погледнете вечерва во 19:10 часот на ТВ21.