Вечерва целосно затемнување на Месечината – познато и како „крвава Месечина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва небото ќе приреди ретка глетка за сите љубители на астрономијата – целосно затемнување на Месечината, познато и како „крвава Месечина“.

Настанот ќе биде видлив без никаква опрема, а Месечината ќе добие впечатлива црвеникава нијанса, резултат на пречупувањето на сончевата светлина низ атмосферата на Земјата.

Феноменот се случува кога Сонцето, Земјата и Месечината ќе се усогласат во права линија, при што нашиот природен сателит минува низ најтемниот дел од сенката на Земјата – умбрата. Тогаш неговата површина добива темноцрвен тон, што ја создава уникатната појава „крвава Месечина“.

Затемнувањето ќе трае околу еден час, а највпечатливо ќе биде во периодот кога Месечината е во својата полна фаза.