Вечерва во земјава пристигнаа 38.400 вакцини на Астра Зенека преку Ковакс механизмот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва во нашата земја пристигнаа 38.400 вакцини на Астра Зенека преку Ковакс механизмот, објави на својот Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

„Вечерва пристигнаа 38.400 вакцини од производителот Астра Зенека кои ги обезбедивме преку Ковакс механизмот. Вакцините ќе бидат наменети за ревакцинација и вакцинација на граѓани над 60 години. Количините постојано се надополнуваат, пријавете се на vakcinacija.mk“, напиша Филипче.