Вељаноски: Бев цел на оркестрирани напади, базирани на класични лаги и измислувања за „Монструм“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пратеникот Трајко Вељаноски на својот Фејсбук профил посочи дека бил цел на оркестирани напади кои биле базирани на класични лаги и измислувања за предметот „Монстум“.

„Долги години одредени пара-структури протураа лага дека сум бил некако замешан во случајот Монструм. Ми беше тешко да молчам, но знаев и верував дека еден ден се ќе стане јасно и ќе биде чисто дека тоа беше конструирана лага за мое лично оцрнување“, истакнува тој.