Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, се огласи по повод денешното утврдување на бројот на потпретседатели на Собранието. Тој смета дека бројката од пет потпреседатели е економски неоправдана.
„Во врска со закажаната седница за бројот на потпретседатели во Собранието, сакам да ја информирам јавноста како било за време на претходната власт а како е сега.
Во време на претходната власт:
2006-2008 година – 3 потпретседатели
2008-2011 година – 3 потпретседатели
2011-2014 година – 3 потпретседатели
2014-2016 година – 3 потпретседатели
За време на сегашнава власт:
2016-2020 година – 5 потпретседатели
2020-2024 година – 5 потпретседатели
Примери во други држави:
– САД – 435 пратеници – 1 потпретседател
– Велика Британија – 650 пратеници – 3 потпретседатели
– Словенија – 90 пратеници – 3 потпретседатели
– Италија – 630 пратеници – 4 потпретседатели
– Германија – 709 пратеници – 5 потпретседатели
Демократијата е скапа играчка, но изгледа само во Македонија важи правилото, што поскапо тоа е поголема демократија!
Нема економска оправданост и причина за толкав број на потпретседатели на Собранието.“, е ставот на поранешниот претседател на законодавниот дом Вељаноски.
