Шест пожарникари со едно противпожарно возило-цистерна со вода од Територијалната Противпожарна Единица од Велес попладнево околу 16:30 часот се упатија на помош на колегите и месното население во гаснење на пожарите во кумановско, информираат за МИА од ТППЕ Велес.
Воедно посочуваат дека во реонот на Велес и велешко заедно со општините Градско и Чашка, нема пожари.
Од ТППЕ Велес апелираат до жителите од поширокиот велешки регион да бидат многу внимателни при престој во природа и да не палат оган на отворен простор за да не предизвикаат пожари.
