Велика Британија го блокира извозот на контролори за видео игри во Русија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Велика Британија денеска соопшти дека го забранува извозот на контролори за видеоигри во Русија, бидејќи тие би можеле да се користат за контрола на беспилотни летала, дел од најновиот пакет трговски мерки воведени по руската инвазија на Украина.

„Целосно го забрануваме извозот на контролори за видео игри во Русија, спречувајќи ја нивната употреба за контрола на беспилотни летала на линијата на фронтот – што значи дека конзолите за игри повеќе не можат да се претвораат во оружје за масовно уништување во Украина“, рече министерот за санкции Стивен Доути во изјавата.

Соопштението доаѓа откако украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија лансирала 215 дронови и проектили за време на нападот во текот на ноќта.

Европската унија усвои слична забрана за видео игри и џојстици претходно оваа година.

Обединетото Кралство, исто така, објави забрана за извоз на софтвер што го користат одбранбениот и енергетскиот сектор, вклучително и програми за производство на оружје и за истражување и експлоатација на нови наоѓалишта на нафта и гас.