На Денот на востанието 11 Октомври, во Кристалната сала на Собранието, Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ на свечена церемонија ќе ја додели оваа државна награда за 2026 година, која е највисоко признание за животно дело во Македонија во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес.
Како што соопштија од Собранието, наградата за животно дело во областа на културата и уметноста ќе му се врачи на писателот проф. д-р Венко Андоновски, додека во областа на науката и образованието на проф. д-р Димитар Пандев – лингвист, проф. д-р. Ѓулумсер Касапи – универзитетска професорка и проф. д-р Владо Поповски – правник.
