Околу 12 лица се повредени во верижен судир на автобус и три автомобили рано утринава на Бранковскиот мост, дознава „Телеграф.рс“.
Тие се пренесени во болница и повредите се од полесен карактер.
Несреќата се случила во правец на Нов Белград.
– Возачот на автобус „78“ удрил во автомобилите. Колку што видов, сите повредени излегле од автобусот и биле свесни. Имаше неколку екипи на Брза помош – вели жена сведок на несреќата.
