Верниците се подготвуваат за Бајрам, баклавата со шербет е подготвена

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Подготвила домашна баклава и сега  го става шербетот. Ја подготвува за утре за празникот Фитр Бајрам. За разлика од минатите години, годинава подготвила само една баклава бидејќи не очекува гости поради полицискиот час кој почнува утре во 11 часот а ќе заврши во 5 часот во вторник.

„Баклавата ја печев вчера, јас ја имам зготвено. Сега ќе го ставам шербетот. Добро е шербетот да стои еден ден бидејќи е повкусно. Годинава зготвив помалку бидејќи планираме да имаме помалку гости. Семејна традиција е и не сакавме годинава да ја прекинеме“, истакна домаќинката..

Поради тоа што станува збор за традиционално слатко, дел од граѓаните го купуваат. Неколку во мали кутии, а други поголеми количини.

„Исламските верници денеска го обележуваат 30 ден на месец Рамазан. Со завршување на постот во 8 часот и една минута, тие го завршуваат месецот на постот, а утре го слават еден од најголемите празници, Фитр Бајрам“, посочи репортерката на ТВ21.

Времето на завршување на постот – ифтар, беше во полицискиот час, нешто што ги спречи семејните посети. Но сепак имаше собири. Ќе се клања и молитвата на Бајрам, но нема да биде како минатите години.

Поради тоа што овој Бајрам се слави за време на пандемија и ИВЗ во главната честитка упати апел верниците да внимаваат на нивното здравје.

„Ве молам, внимавајте на вашето здравје до конечното и потполно укинување на мерките што ги импонира пандемијата бидејќи заштитата на здравјето е една од основните исламски верски должности. Драги верници, Уште еднаш ви изразувам срдечни честитки за празникот Фитр Бајрам. Радувајте се со сите членови на вашите семејства,со пријателите, со другарите и со сите добронамерни луѓе. За многу години!“, истакна Сулејман Реџепи.

Внимателност и дисциплина од верниците побара и првиот човек на државата, Стево Пендаровски.

Централната манифестација годинава нема да се одржи а клањањето на молитвата ќе трае помалку до 15 минути и ќе се почитува социјалната дистанца, а сеџадите ќе ги земаат од дома. Секој верник е обврзан да зема абдест дома, а ИВЗ предложи да се не посетуваат гробиштата и максимално да се избегнат семејните посети.