Ветено, но несторено , салата „Партизан“ во Чаир претворена во засолниште за бездомници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иако пред две години имаше ветување дека ќе биде реконструирана спортската сала „Партизан“ во Скопје не само што не е реконструирана, туку е во уште полоша состојба…

Паркетот на салата сега има друга намена. Се користи за греење, бидејќи салата стана засолниште за бездомните лица. Салата е полна и со автомобилски гуми.
На прашањето – зошто сѐ уште не е реновирана салата, првиот човек на Град Скопје со одговор дека причина за тоа е пандемијата.

Оваа спортска сала со години наназад е во ваква состојба, откако во неа избувна пожар. Побаравме одговор и од надлежните во општина Чаир, но оттаму ни рекоа дека постапката за реализација на проектот за реконструкција на спортската сала Партизан е во тек во Владата.