„Ви зборува пучистот“ – Таравари со иронија за обвинувањата кои доаѓаат од крилото на Села

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

“Ви зборува пучистот“. Вака синоќа го започна говорот Арбен Таравари на собирот во Гостивар иронизирајќи ги обвинувањата дека прави пуч врз АА. Таравари рече дека сите маски паднале во моментот кога пратениците на АА гласале за разрешување на министрите на АА.

„Денеска ви зборува пучистот, тој што разреши двајца министри, што разреши многу директори, им раскина договори на многу луѓе. Има директори кои ме прашаа дали треба да одговориме на ова. Дали треба да преземеме нешто? Реков не. И двајцата министри пред да почне процедурата ми рекоа дали да си поднесеме оставка, јас им реков не. Сакам да видам дали ќе можат тие пратеници, за кои сите ние трчавме, не спиевме по цели ноќи, правевме активности, ги убедувавме луѓето да гласаат за нив. Тие пратеници сакам да ги видам дали можат да го притиснат копчето да ги разрешат нашите министри, и синоќа паднаа сите маски.“, рече Таравари.

реклама

Од друга страна, поранешниот пратеник Сурија Рашити рече дека првпат слуша дека претседател прави пуч или да си прави пуч себеси.

-Толку години направив и не паметам некој крал да си го урне сопственото кралство, не паметиме некој претседател да го урнал претседателството, кој било премиер, а не се сеќаваме ниту на собрание или лидер на партија да се соборува себеси. Државниот удар значи преземање на тоа што го немаш и тоа не на демократски начин, туку со насилни методи. Во наши околности тоа значи одземање на претседателската функција на Арбен со моќта на Артан Груби-рече Рашити.

реклама

Таравари ќе продолжи со средбите со граѓаните. Во вторник тој ќе има средба во Тетово, а во петок во Скопје. Тој најави дека во текот на неделата ќе има средба со опозицијата на која ќе се разговара за коалицискиот договор.

реклама
реклама
реклама
реклама
реклама
реклама