ВИДЕО: Авион се урна во шума во САД, најмалку 15 повредени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Авион за падобранство се урнал во шума во близина на аеродром во Јужен Њу Џерси, САД, соопштија властите. Повредени се најмалку 15 лица.

Несреќата се случила во близина на аеродромската писта во шума, 34 километри југоисточно од Филаделфија. Авионот кој превезувл 15 лица, излетал од пистата.

Три лица биле пренесени во трауматолошкиот центар во болницата Камден во Њу Џерси. Осум полесно повредени биле пренесени во одделот за итни случаи.

Граѓаните се предупредени да ја избегнуваат областа, за да можат спасувачки служби да стигнат до местото на несреќата.