ВИДЕО: Бугарскиот премиер Петков доби снежна топка во глава – говорот проследен и со свирежи и извици „Оставка“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бугарскиот премиер Кирил Петков доби снежна топка во глава за време на посетата на местото Шипка во близина на бугарскиот град Стара Загора.

„Време е да се каже дека Бугарија е над се. Среќен празник Бугари!“, рече Петков, кој беше погоден од снежна топка.

Неговиот говор беше проследен и со свирежи и извици „Оставка“, кога се обиде да разговара со нив.