ВИДЕО: Џиновска ајкула снимена во Јадранското море

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Природно-математичкиот факултет во Пула објави видео снимено во Медвеја, место на источниот брег на Истра, на кое се гледа втората по големина риба во светот – џиновска ајкула.

Овој вид ајкула е втора по големина риба во светот (по типусот Rhincodon) и е сосема безопасна за луѓето. Џиновската ајкула е филтер-хранител, што значи дека се храни со планктони, риби и без’рбетници со филтрирање на водата низ нејзината огромна уста. Нема заби прилагодени да ги напаѓа луѓето и апсолутно не е заинтересирана за луѓето како плен.

ФОТО: Архива