ВИДЕО: Дошле со тротинет и сакале да го ограбат Нептун, полицијата уапси двајца – пиштолот и ракавиците се уште стојат на лице место

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Попладнево се случило вооружен грабеж во продавницата Нептун, сместена кај Градски парк.

Според информациите од репортерот на ТВ21 на терен, се работи за двајца разбојници кои пристигнале во продавницата со тротинет, а откако упаднале со маски и пиштол ги побарале парите од дневниот промет.

Првата реченица што ја кажале била: „Вадете ги парите од касата, ако некој викне полиција сите ќе ве убиеме“.

За кратко на локацијата пристигнала и полиција, која едниот го фатила пред продавницата додека другиот во близина.

Лицето со кое разговараше ТВ21, а кое во тоа време било внатре, кажува дека двајцата маскирани луѓе се заканиле дека сите ќе ги убијат ако некој викне полиција.

Видно вознемирена за ТВ21 кажува дека 20 минути биле заглавени во продавницата.

„Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вечерва лишија од слобода две лица кои малку пред тоа извршиле разбојништво во продажен објект во градскиот парк во Скопје. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и сторителите се лишени од слобода и во содејство со ОЈО ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.