ВИДЕО: Полицијата ги фати двете лица кои со маски и пиштол упаднаа во Нептун

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вечерва лишија од слобода две лица кои малку пред тоа извршиле разбојништво во продажен објект во градскиот парк во Скопје.

Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и сторителите се лишени од слобода и во содејство со ОЈО ќе биде поднесена соодветна пријава.

Според информациите, едниот е фатен пред продавницата, додека другиот е пресретнат во близина.

Според информациите, во 20:30 часот во Нептун кај Стадионот „Тоше Проески“ влегле двајца маскирани лица со пиштоли.

Првата реченица што ја кажале била: „Вадете ги парите од касата, ако некој викне полиција сите ќе ве убиеме“.