ВИДЕО: Драма на аеродром во Канада, полицијата пукаше и усмрти маж

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Канадската полиција застрела и уби 30-годишен маж пред терминалот за полетување на аеродромот Пирсон во Торонто, соопштија официјални лица.

„Полицајците го лоцирале човекот, а првите податоци покажуваат дека извадил огнено оружје“, се вели во соопштението на Специјалната истражна единица (СИУ) , пренесе АП.

Се додава дека тројца полицајци од регионот Пил пукале кон мажот.

Нема пријавени закани за јавноста, а нема повредени полицајци , соопшти СИУ. 

Полицијата претходно пукањето го опиша како изолиран инцидент, а не се пријавени никакви подоцнежни инциденти. 

Авионскиот сообраќај на аеородромот Пирсон продолжил без никакви застоји и покрај истрагата.