ВИДЕО Драма на небото: Авионот на Трамп влета во турбуленции – „Ова е тежок лет“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Авионот со кој американскиот претседател Доналд Трамп летал од Азија, имал турбуленции и тоа во моментите кога камерите биле вклучени и кога претседателот на САД даваше изјави.

„Морам да ви кажам дека во Азија се силни ветриштата. Ова е тежок лет. Можеби требаше да почекаме еден час. Тешки услови за интервјуа“, рече тој со насмевка.

„Ќе ме гледаат и ќе речат дека не сум изгледал најдобро“.

Потоа се слуша глас кој вели: „Стабилни сте“.

Американскиот претседател помина неколку дена во Кина. Трамп и Си Џинпинг разговараа повеќе од 90 минути на состанокот одржан денес во Бусан, Јужна Кореја, по што Трамп рече дека „средбата со Си била неверојатна“ и дека биле донесени многу одлуки